Влезни врати ДРВО-АЛУМИНИУМ или масивно дрвена влезна врата со алуминиумска облога од надворешната страна. Модерна, дизајнирана и естетски совршена влезна врата за вашиот дом. АЛУ маската обезбедува трајна заштита од сите климатски влијанија како и голема палета на бои, комбинации и персонализирани решенија и дизајни. Високата ценовна класа е наменета за купувачите кои се спремни да инвестираат во луксузно решение и статусен симбол на својот дом. Перфектно се изработени и веројатно не постои поквалитетна влезна врата на македонскиот пазар.